Хроника 30. ноември 2020. / 11:04

Санкционирани 167 возачи во Скопје: 26 немале возачка дозвола

Санкционирани 167 возачи  во Скопје: 26 немале возачка дозвола

Во текот на вчерашниот ден, само на на територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои 26 санкции за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР соопштија дека при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се и 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.