Хроника 26. мај 2019. / 16:32

Сакал да смени грејач: Скопјанец загина од струен удар

Сакал да смени грејач: Скопјанец загина од струен удар

На 25.05.2019 година во 12:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „5“ во с.Визбегово, Д.П.(42) при обид да смени грејач на електричен шпорет во кујна, починал од струен удар.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.