Хроника 07. март 2019. / 15:51

Сѐ уште не се знае како починало: Ќе се испитува дали бебето во јамата било живо фрлено

Сѐ уште не се знае како починало: Ќе се испитува дали бебето во јамата било живо фрлено

Сѐ уште не се знае причината за смртта на бебето од Струмица, кое по раѓањето дома било фрлено во јама, а Судска медицина ќе испитува дали било фрлено живо или починато.

– Уште траат анализите кои ќе ја утврдат причината за смртта на бебето. Но секако, обдукцијата ќе може да утврди дали тоа било живо родено, има ли повреди, како и колку живеело по раѓањето, доколку било живо родено, изјави директорот на Институтот, д-р Александар Станков за Плусинфо.

Мајката на ова бебе е 18-годишна девојка од Струмица.