Хроника 07. август 2018. / 14:24

„Ровер 620″ е украден од паркинг во Скопје

„Ровер 620″ е украден од паркинг во Скопје

Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.Г. (59) од Скопје пријавил дека во периодот од 03.08.2018 до 06.08.2018 година од паркинг на улицата „Ѓорѓи Димитров“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „ровер 620“ со скопски регистарски ознаки, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.