Хроника

Револтот продолжува: Жителите на Ѓорче Петров за денеска најавија нов протест

Револтот продолжува: Жителите на Ѓорче Петров за денеска најавија нов протест

Бараат поставување сообраќајна сигнализација. Прегазеното дете е во стабилна здравствена состојба.

По вчерашната сообраќајна несреќа во населбата Ѓорче Петров, во која беше прегазено 10- годишно момче на пешачки премин, револтираните жители за попладне најавија нов протест. Бараат поставување сообраќајна сигнализација.

Детето е во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот. Задржано е на опсервација на Клиниката за неврохирургија.