Хроника 09. декември 2020. / 10:55

Регистрирани се 873 прекршоци за неносење заштитна маска

Регистрирани се 873 прекршоци за неносење заштитна маска

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на изминатото деноноќие (08/09.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 873 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.