Хроника 19. декември 2020. / 12:43

Регистрирани 704 прекршоци за неносење на заштитна маска

Регистрирани 704 прекршоци за неносење на заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 704 прекршоци, информираат од МВР.

Од ресорното министерство апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.