Хроника 11. декември 2020. / 10:26

Регистрирани 697 прекршоци за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Регистрирани 697 прекршоци за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека во текот на изминатото деноноќие (10/11.12.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 697 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.