Хроника 26. јануари 2021. / 10:42

Регистрирани 431 прекршоци за неносење на заштитна маска

Регистрирани 431 прекршоци за неносење на заштитна маска

Полицијата казни 431 граѓанин кои биле затекнати без заштитна маска или друг вид прекривка преку лицето и носот, со што сториле прекршок по однос на здравствените мерки.

Во соопштението на МВР се вели дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 431 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со заразната болест предизвикана од коронавирусот.