Хроника 20. јануари 2021. / 11:09

Регистрирани 368 казни за неносење на заштитна маска

Регистрирани 368 казни за неносење на заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие, во однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот регистрирани се 368 прекршоци, информираат од МВР.

Од Министерството воедно апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.