Хроника 12. јануари 2021. / 10:56

Регистрирани 319 казни за неносење на заштитна маска

Регистрирани 319 казни за неносење на заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 319 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.