Хроника 20. јули 2020. / 15:53

Речиси 100 прекршоци направиле кумановските моторциклисти за два и пол месеци

Речиси 100 прекршоци направиле кумановските моторциклисти за два и пол месеци

СВР Куманово за два и пол месеци регистрира 97 прекршоци кои ги извршиле возачи на моторцикли, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Прекршоците се евидентирани во периодот мај, јуни и првата половина од јули.

Најголем број од прекршоците – 70 се поради неносење заштитен шлем, 17 од контролираните управувале мотор без возачка дозвола, седум управувале нерегистрирано возило, по едно лице биле санкционирани, заради управување мотор со поминат рок на полиса за осигурување, технички неисправно и управување на мотор со поминат рок на регистрација.

– Во периодот  од месец мај до 16 јули годинава на подрачјето на Општина Куманово се случиле 17 сообраќајни незгоди во кои учесници се моторциклисти од кои 13 се здобиле  со телесни повреди, а четворица со тешки телесни повреди, соопштија од МВР.