Во Единицата за информации и команда Скопје, вчера во 12.20 часот, вработен во бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје, кај хотел „Белви“, пријавил дека две непознати лица извршиле разбојништво над него.
Сторителите со закана со пиштол му одзеле околу 50.000 денари и побегнале во непознат правец.