Разбојник и вработена во обложувалница исценирале вооружен грабеж во обложувалница и украле 196.000 денари со цел да го вратат долгот што го направиле при фиктивни уплати на ливчиња. Само неколку дена по разбојништвото, истрагата на полицијата ја открила ујдурмата и ги уапсила разбојникот и вработената.
Станува збор за А.Ж.(30) и вработена во обложувалницата Ј.Б.(22) од Скопје.
Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Гази Баба, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Ж. поднела кривична пријава за тешка кражба на дрзок начин, а против Ј.Б. за кривичните дела помагање и лажно пријавување.
Истрагата утврдила дека разбојништвото претходно било договорено меѓу разбојникот и вработената, така што разбојникот ќе и се заканел, а вработената од страв ќе му ги даде парите.
Причина за разбојништвото е тоа што осомничениот сакал да го прикрие долгот што претходно го направил со уплата на поголем број на тикети со високи суми, но фиктивно без уплата на пари, а уплатите ги извршила вработената Ј.Б. која се сложила на разбојништвото бидејќи сакала да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувалницата.
Така, на 5 септември околу 9.30 часот, А.Ж. влегол во обложувалницата и со договорената закана го вперил пиштолот во вработената и пред сите и се заканил дека ќе пука. Вработената одглумила дека се плаши по што го отворила сефот и му ги дала парите.