Двајца разбојници вооружени со пиштол ограбиле казино и двајца гости во казиното и одзеле 55.500 денари, вчера во Скопје. Според полицијата, разбојниците кои биле маскирани влегле во казиното на улицата „Народен фронт“ и го впериле пиштолот во вработената.
Потоа заканувајќи и се и наредиле да ја отвори касата по што одзеле 50.000 денари. Разбојниците ги нападнале А.Ф.(24) од Радовиш и М.Н.(29) од Скопје кои биле гости во казиното и од нив одзеле 5.500 денари.