Двајца разбојници ограбиле казино во Скопје. Како што информира полицијата, вчера во 17.10 часот во казино на улицата „Вангел Дину“ во Скопје две непознати лица извршиле разбојништво.
Тие со закана со пиштол од касата одзеле околу 50.000 денари, по што побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.