Жена и маж од Берово заработија кривични пријави, бидејќи на социјалните мрежи ширеле расистички и ксенофобични материјали по пат на компјутерски систем.
Од СВР-Штип, во соопштение наведуваат дека до Основното јавно обвинителство Берово поднесена е кривична пријава против 32-годишната В.Н. (32) од Берово, поради постоење основи на сомневање дека сторила кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по чл.394-г од Кривичниот законик.
„На 11 јануари В.Н. по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа Фејсбук објавила ксенофобичен материјал, со кој поттикнала омраза, дискриминација или насилство“, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Беровската полиција поднесе кривична пријава и против 39-годишниот Б.С. од Берово, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по чл.394-г, ст. од Кривичниот законик.
И Б.С. на Фејсбук објавил коментар на пост на фејсбук профилот на 32-годишната В.Н од Берово, со кој поттикнал омраза, дискриминација или насилство.
Според Кривичниот законик, за вакво сторено кривично дело, судот може да изречи казна затвор од една до пет години.