Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Радовиш до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против С.Д (53) од Радовиш, осомничен за кривично дело „Незаконит риболов“
– На 11 мај 2018 година, во времето од 3 до 6 часот, за време на забрана за риболов, во заедничка соработка со Комисијата за помош при заштита на рибниот фонд, Државниот инспекторат за земјоделство и полициски службеници, пријавениот е затекнат во езерото Мантово, општина Конче, како лови риба со средства со кои е забранет риболовот, информираше Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица.
По наредба за претрес од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Радовиш извршен е претрес во неговиот дом и викендичка во близина на езерото Мантово, каде е пронајдена поголема количина разновидна мрежа за риболов и уловена риба спакувана во кеси.