Полицијата во акција низ Гостивар открила малолетници кои престојувале и конзумирале алкохол во неколку угостителски објекти по 24 часот. Во акцијата откриени се 13 малолетници, а исто така при контролата биле приведени и 5 странски државјани без регулиран престој во државата.
Според СВР Тетово, акциската контрола била извршена синоќа во периодот меѓу 00 и 30 до 3 и 30 часот во пет угостителски објекти во Гостивар со цел откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време и кои конзумираат алкохол.
Меѓу откриените странските државјани, без регулиран престој во државава, приведени се две лица од Албанија и пет од Србија.