На 02 март оваа година, околу 16 часот и 50 минути, во полициската станица во Охрид, од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен П. М. (56) од Охрид.
-Тој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин-Охрид. Поради сериозноста на повредите, П.М бил пренесен во Клинички центар -Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот- вели портапролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Инаку градежниот објект од кој падна работникот вчера е спорниот хотел, за кој премиерот на трибина во Охрид на сопственикот му вети дека службите ќе му ги издадат сите потребни документи и покрај тоа што невладините се бунат дека со оваа градба се нарушува екологијата на Охридскиот брег.