55 годишниот Ш.Б од село Света Петка го изгуби животот утринава. Од неговото семејство велат дека починатиот паднал од 8-миот кат на зградата, од местото каде што се предвидувало да има лифт, објави 21ТВ.
Според семејството недостатокот на осветлување и сигнализација во работа беше причината што починатиот на само вториот ден на работа го загуби животот.
Од Инспекторатот за труд велат дека од јануари до октомври, 17 лица загинале на работно место, а вкупно има 1527 повредени.