Хроника 27. декември 2020. / 15:45

Работел по 18 часот и имал 15 гости: Приведен угостител од Тетово

Работел по 18 часот и имал 15 гости: Приведен угостител од Тетово

Џ.Џ. (34) од селото Пирок, Тетовско, синоќа е приведен зашто неговиот угостителски објект работел после предвиденото законско време, а во него имало и 15 гости. Со тоа сторил кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Според МВР,  по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.