Пожарот кој се гасеше до раните утрински часови остави голема материјална штета во ТЦ Глобал во Струмица.
Повеќе од 10 продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите, супермаркет во внатрешноста, првичната слика покажува дека материјалната штета е навистина голема, но нема повредени.
Огнот зафатил и делови до третиот кат од трговскиот центар.

Дел од сопствениците на дуќаните велат дека нивната материјална загуба е огромна. Целата роба во продавниците е уништена.
Местото и натаму го обезбедува полицијата а присутна е и екипа на ТППЕ Струмица, која внимава да не дојде до нов пожар и интервенира на местата каде се појавуваат пламени јазици.
Причините за пожарот сѐ уште не се знаат.