Хроника 03. јуни 2018. / 20:08

Пукање во тетовско

Пукање во тетовско

Околу 01,00 часот во Полициска станица за Граничен надзор-Рогачево приведени биле 32-годишниот Ф.Ш. од селото Слатина, 44-годишниот М.А. од село Доброште, 27-годишниот Ј.И. и А.М. од Тетово, 19-годишниот Л.А. и 34-годишниот А.О. од селото Порој.

Истите биле приведени по претходна пријава за пукање од огнено оружје. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот во селото Јелошник-тетовско каде што биле пронајдени лицата при што кај Ф.Ш. бил пронајден пиштол „Валтер“и два оквири (од кои едниот празен а другиот со 15 куршуми), за кои не поседува соодветна документација.

На местото биле пронајдени и 12 чаури. За настанот бил известен Јавен обвинител.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.