Околу 01,30 часот во село Љубин, скопско, непознато лице со патничко возило „Јагуар“ без регистарски ознаки, од пиштол испукалo неколку куршуми во правец на куќата на 63-годишниот М.С. од село Љубин.
Повредени лица нема. Извршен е увид на местото на настанот, при што биле пронајдени четири чаури, а од страна на полициски службеници, наведеното возило било пронајдено кај автоперална во село Љубин.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.