Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот Б.Л. од Скопје и И.Н. од село Грчец, поради поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Како што информираат од МВР, во вечерните часови на 11. мај годинава, на крстосницата меѓу улицата „Московска” и улицата „Софиска”, од автомобил „ауди А6”, управуван од првопријавениот и второпријавениот како совозач, возачот испукал четири куршуми кон автомобил „мерцедес C-500”.
Во овој инцидент немало повредени.