Вчера во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на улица „Козле“ две непознати лица извршиле разбојништво.
Сторителите со закана со пиштол ги одзеле парите и побегнале. Според пријавата, на неколку стотини метри од маркетот истите испукале еден куршум во воздух.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.