Хроника 22. април 2019. / 09:43

Пукање синоќа во Слупчане – пронајдени две мртви лица

Пукање синоќа во Слупчане – пронајдени две мртви лица

Крвав настан ја потресе Македонија кога доцна синоќа во Слупчане биле пронајдени две безживотни тела.

Како што јавува Алсат, во 22 часот и 40 минути, полицајци добиле повик дека во атарот на селото Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“, било забележано патничко моторно возило, марка „опел астра“, во кое било пукано од засега непзнат сторител.

Во него имало две лица, а за жал Итната помош можела да констатира само смрт.

Се очекуваат детали денеска.