Хроника 07. февруари 2021. / 19:41

Пукање на Бит Пазар, повредено едно лице

Пукање на Бит Пазар, повредено едно лице

Едно лице е повредено со огнено оружје вчеравечер на Бит-пазар.

Како што самиот пријавил во СВР Скопје, во близина на угостителски објект на подрачје на Бит-пазар на А.Џ.(48) од Скопје му се доближиле две лица со кои се познавал, по што едниот од нив со пиштол пукал кон него.

На А.Џ му е укажана помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.