Хроника 01. октомври 2020. / 21:13

Пукал во куче, но по грешка застрелал тинејџер

Пукал во куче, но по грешка застрелал тинејџер

Вчера околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Копаница, скопско, 16-годишник од с.Бојане, скопско, бил повреден со огнено оружје. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Како што соопшти МВР, во врска со настанот од слобода бил лишен 16-годишник од с.Копаница, скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот.

Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето.