Хроника 24. јануари 2021. / 14:52

Пронајдено закопано оружје во Блаце од 2001

Пронајдено закопано оружје во Блаце од 2001

По претходно добиени информации, полицијата во атар на село Блаце, во близина на границата со Косово пронашле закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, информираа денеска од МВР.

– Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62×54 R и два реденика кои биле закопани во земја, соопштија денеска од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.