Пронајдено е телото на 16- годинишното дете кое изчезна во неделата попладнето во водите на Преспанското езеро, пренесе ТВ Алфа.
Екипата на ТВ Алфа најавува повеќе детали во вестите.
Момчето настрада на 02. август додека со двајца другари се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата други капачи со пливање излегле на површина, а 16-годишното момче не излегло од водата.
Езерото го пребаруваа нуркачи, а вчера попладне се приклучи и специјална единица на МВР.