Хроника 26. јули 2019. / 14:15

Пронајдено момче во несвесна состоја со шприц во рака во центар на Скопје

Пронајдено момче во несвесна состоја со шприц во рака во центар на Скопје

Момче во несвесна состојба лежеше на клупа на плоштадот ВМРО во центарот на Скопје.

По дојава од минувачи, реагираше брзата помош, кои го земаа и транспортираа во болница. Лицето со себе имало и шприц, објавува НетПрес.

Кратко време по пристигнувањето на лекарската екипа, дошла и полицијата.

Засега здравствената состојба не е позната. Од МВР се уште немаат никакви информации за случајот.