На 15.05.2019 година околу 06:30 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека во месноста „Бањиче“ во Тетово имало паднато машко лице облеано во крв.
По преземени мерки лицето е идентификувано и се работи за С.М.(25) од Тетово.
Поради сериозноста на повредите тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.