Хроника 21. декември 2020. / 13:44

Пронајдено исчезнатото 10-годишно девојче од Скопје

Пронајдено исчезнатото 10-годишно девојче од Скопје

Десетгодишно девојче кое на 17-ти декември било пријавено за исчезнато, вчера било најдено и вратено дома.

-На 20.12.2020 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.К.(10) од Скопје, за која нејзината мајка С.К.(39) на 17.12.2020 пријавила дека се оддалечила од домот, била пронајдена и вратена дома, информираат од МВР.