Хроника 29. мај 2019. / 16:02

Пронајдени три бомби во кофа во Кичево

Пронајдени три бомби во кофа во Кичево

Во 13.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека биле најдени три бомби во кофа.

МВР информира дека 56-годишниот Љ.М. од Кичево на улицата „4-ти Јули“ во пластична кофа пронашол три рачни бомби.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Кичево безбедно ги подигнал за понатамошна постапка.

Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.