Во нива меѓу струшките села Франгово и Калишта полицијата нашла муниција, гранати и ракетни фрлачи.
Оружјето било најдено денеска околу пладне по претходни оперативни сознанија.
„Во координација со обвинителството работиме на расчистување на случајот“, велат од МВР.
Детали за акцијата се најавуваат за подоцна.