Хроника 05. декември 2018. / 11:59

Пронајдена мртва жена во хотел во Битола

Пронајдена мртва жена во хотел во Битола

Вчера околу 07:30 часот во хотел на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола била пронајдена почината 66-годишна жена од Битола, објави ТЕРА.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција, соопшти битолската полиција.