Хроника 02. август 2020. / 14:25

Пронајдена дрога во Градиште: Приведени две лица од Кичево

Пронајдена дрога во Градиште: Приведени две лица од Кичево

Синоќа, пак, во 23,50 часот во полициска станица Охрид приведени се две лица од Кичевско на возраст од 21 и 23 години.

При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај авто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во билтенот на СВР Охрид.