Хроника 18. октомври 2019. / 16:05

Пронајден починат скопјанец во автомобил

Пронајден починат скопјанец во автомобил

Ноќеска во полициската станица во Петровец е пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Петровец и Дрма, кај патоказните табли за влез во општина Петровец, имало паркирано патничко возило „дачија“, со скопски регистарски ознаки и во него имало маж кој не бил при свест.

Лекар од Итна помош констатирал смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за лицето Д.Л.(64) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.