Планинари спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола успешно ја завршија потрагата по турист од Франција кој вчера залутал низ моликите на планината Баба.
Гостинот од Франција на возраст од околу 23 години, престојувал во Битола, а викендот го искористил за планинарење, но се загубил во пределот под врвот Пелистер, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.