Според СВР Тетово, вчера во 22.50 часот Р.М. (42) од селото Теарце пријавил дека додека се движел со неговиот автомобил „фолксваген пасат“ по регионалниот пат Тетово – село Јажинце, слушнал силен удар на кровот.
Кога излегол од возилото забележал дека возилото било оштетено од заталкан проектил од огнено оружје. Увид извршила екипа од СВР Тетово.