Во врска со автобуската несреќа од 13 февруари, во близина на с. Ласкарци, во која загинаа 15 лица, а десетина беа повредени, полицијата приведе шест лица, меѓу кои и возачот на автобусот и сопственикот на агенцијата „Дурмо Турс“, пишува Алсат.
Несреќата се случи откако од засега неразјаснети причини, автобусот ја пробил заштитната ограда, излетал од патот и се превртел.