Полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, лоциран покрај автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на Н.Ш.(42) од Тетово. Притоа, во објектот биле затекнати 10 девојки (пет од Република Македонија и пет од Република Албанија) кои ги забавувале гостите.
Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
Контрола била извршена и во угостителски објект во Тетово, лоциран покрај регионалниот пат Тетово – Желино, сопственост на А.Х.(46) од Тетово. Притоа, во објектот биле затекнати шест девојки (две од Република Македонија и четири од Република Србија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.