Хроника 22. јануари 2020. / 11:45

Приведени седум лица со лажни документи кај „Долно Блаце“

Приведени седум лица со лажни документи кај „Долно Блаце“

Пет возрасни и две малолетни лица, сите од Турција, се приведени ноќеска во 01:50 часот зашто при контрола се претставиле како израелски државјани и приложиле израелски патни исправи.

Лицата, како што соопшти МВР, се пресретнати на бензинска пумпа во близина на граничниот премин „Долно Блаце“.

Сите приведени лица се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, мигрaции, странци и реадмисија, за натамошна постапка.

Полицијата информира и дека ноќеска од слобода е лишен 68-гoдишен маж од село Богородица откако во неговото возило се пронајдени две лица од Турција со фалсификувани влезни и излезни печати.  Полицијата го привела во 01:00 часот по полноќ, а лицата се предадени во Полициската станица – Гевгелија за натамошна постапка.