Пет лица од Скопје биле уапсени вчера откако кај нив била пронајдена дрога.
„Вчера во 22:00 часот на ул.„Димитрие Чупоски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(20) од с.Љубин, затоа што при преглед кај него била марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Подоцна во 22:45 часот на ул.„Пиринска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.А.(23) и Б.Ј.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вечерта во 23:40 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.Х.(42) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Десет минут подоцна на ул.„Коле Неделковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ш.(44) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од полицијата.