Хроника 15. октомври 2020. / 18:50

Приведени две лица од Свети Николе, кај кои е пронајден хероин

Приведени две лица од Свети Николе, кај кои е пронајден хероин

Две лица од Свети Николе вчера биле приведени откако на наплатната станица Миладиновци при претрес од страна на полицијата кај нив бил пронајден хероин.

Од МВР соопштија дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР, во соработка и координација со СВР Скопје, ги лишиле од слобода И.Е.(38) и Д.М.(37), двајцата од Свети Николе. При преглед на патничко возило што го управувал И.Е., а сопатник бил Д.М., бил пронајден и одземен хероин.

Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.