Вчера, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, извршија претреси во домовите на две лица од Скопје, соопшти МВР.
При претресот во викенд куќа во село Долно Свиларе на С.М.(33) биле пронајдени и одземени едно пакување со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин. При претресот во домот на Ф.С.(21) во село Долно Свиларе биле пронајдени и одземени куршуми и марихуана. Двете лица биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Сарај.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.