Хроника 27. ноември 2020. / 18:04

Приведени две лица кои барале пари од вработен во филијала

Приведени две лица кои барале пари од вработен во филијала

Полициски службеници попладнево, околу 16 часот, ги приведоа А.Ј.(31) и П.С.(63), кои во 15:40 часот со закана одзеле пари од вработен во филијала на финансиско друштво.

Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава од Д.Б., вработен во филијалата на булевар „ВМРО“ во Скопје, преземени се соодветни мерки и активности и разбојниците веднаш се приведени во близина на Камениот мост.

Двајцата приведени се сомничат за уште две разбојништва.