Хроника 18. ноември 2020. / 10:26

Приведени двајца скопјани поради повеќекратни кражби во Гостивар

Приведени двајца скопјани поради повеќекратни кражби во Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера во 18:10 часот ги лишиле од слобода А. Х. (47) и А. Ш. (46) од Скопје, по претходна пријава дека истиот ден извршиле кражби во гостиварски продажни објекти.

– При приведувањето од нив биле одземени повеќе производи, кои потекнувале од пријавените кражби, информираат од МВР.

Двајцата скопјани, за кои постои сомнение дека се извршители и на повеќе други кражби на гостиварското подрачје, се задржани во Полициската станица Гостивар, и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.